Спираки: Не го прифаќаме постоењето на македонскиот народ

Пратеничката на Нова демократија во Европскиот парламент, Марија Спираки, изјави во четвртокот дека Република Македонија или како што ја нарече ПЈРМ не ги исполнува копенхашките критериуми и не е подготвена да ги започне преговорите за пристапување со ЕУ.

Спираки го повтори ставот на грчката опозициска партија, Нова демократија, кој според неа е и ставот на грчкиот народ „дека не го прифаќаат постоењето на македонскиот народ и јазик”.

„Сакам да им појаснам на луѓето во ПЈРМ дека има голем недостиг од спроведување на реформите. Ние сме тука да ги повикаме властите и политичките партии да продолжат со цел да ги спроведат законите што ги усвоија. Ние ја поддржуваме перспективата на ПЈРМ да биде интегрирана, но сé уште не е подготвена да добие датумот”, додаде Марија Спираки.