Сплав-ресторан во Србија потона на свеченото отворање

Сплав ресторан започнал да тоне во реката Сава во Србија за време на прославата за неговото свечено отворање.

Несреќата се случила најверојатно поради големиот број на посетители кој присуствувале на отварањето. За среќа сите навреме се евакуирани и нема повредени.

Екипи за помош се обиделе да го донесат на брегот со сајли, но безуспешно.