Според ЦИА, Kина лажела за Ковид 19, вистинското предупредување дојде од Италија

EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT
Земјата во која долго време владее комунистички режим, Кина беше првата во светот од каде што изби прво епидемија, а потоа и пандемија со Ковид -19. Научникот кој го откри овој вирус прво беше затворан, а потоа и ослободен од кинеските власти, поради притисокот на јавноста. Можеби токму затоа светот не беше предупреден за последиците од овој вирус, додека не се појави во Италија каде што секојдневно умираат многу луѓе. По неа следи и Шпанија, а веќе вирусот е проширен речиси низ целиот свет.

САД дошле до заклучок дека Кина лажела за бројот на заразени и смртни случаи како последица на коронавирусот и верува дека тој број, официјалниот, е значително намален, се вели во извештајот на ЦИА, што го цитираше Блумберг.

Агенцијата Блумберг го објави овој доверлив извештај, доставен до Белата куќа уште минатата недела, а претседателот Трамп на неговата прес-конференција избегна конкретен одговор.

На прашањето дали кинеските бројки се точни, Трамп одговори „Не сум кинеска сметководителка“.

Според американските разузнавачи бројот на жртвите на коронавирусот кои официјално ги објавуваше Пекинг е неточен и намерно прикриен.

„Комунистичката партија на Кина лажеше, лаже и ќе продолжи да лаже за коронавирусот заради заштита на режимот“, изјави американскиот републикански сенатор Бен Сасе, коментирајќи го извештајот.

„ЦИА го потврди она што веќе го знаевме: Кина со месеци криеше за сериозноста на вирусот“, додаде Вилијам Тимонс, член на Претставничкиот дом на САД.

Администрацијата на Трамп, предводена од министерот за надворешни работи, Мајк Помпео, во последните неколку недели остро ја критикуваше Кина за недостаток на транспарентност за епидемијата што се рашири во светот, но досега јавно не ја обвини дека лаже.

Во вторникот, координаторот на персоналот за кризни состојби за време на пандемии во Белата куќа, Дебора Беркс изјави дека намалувањето на жртвите од страна на Кина, придонесе Светстската здравстена организација да не ја протолква ситуацијата како многу сериозна, се додека не се видоа реално последиците што ги предизвика овој вирус во Италија и Шпанија.

Според официјалните бројки, од декември со денес 81,639 луѓе се заразени во Кина, а починати се 3.326.

Во САД оваа болест дојде многу подоцна, а веќе околу 7.445 луѓе починале и повеќе од 278 илјади се заразени.