Според документите, Индиец има 123 години и еден месец и е најстар човек

Индиецот Свами Сивананда неодамна се појави на аеродромот Калкута, и со својот пасош ги изненади вработените таму. Имено, во документите се наведува дека човекот е роден на 8 август 1896 година, односно сега има 123 години, што го прави највозрасниот човек во историјата.

Сивананда е израснат во семејство на индиски духовен водач. Тврди дека неговата длабока старост се должи на јогата, целибатот и храната без зачини.

Тој се појавил на аеродромот со намера да отпатува од Индија за Велика Британија. Но, податоците го привлекле вниманието на пасошката контрола, тие ја провериле исправноста на патниот документ и утврдиле дека тој е потполно функционален, но се појавил и сомнеж дека можеби податоците не се точни. Сивананда потоа им објаснил дека неговите биолошки родители го напуштиле кратко по раѓањето, грижата за него ја презел друг, па неговите податоци околу датумот на раѓање се впишани потоа.

Доколку пак, неговите податоци се точни – тој би бил најстариот човек во светот. Засега таа титула ја држи Французинката Жан Калман која почина 1997 година кога имаше 122 години и 164 дена.

Претставници на Гинисовата книга на светски рекорди го разгледуваат случајот и истакнаа дека докажувањето на староста на човекот, нема да биде едноставно.