Според Фрчковски, Еди Рама е меѓународен пријател на Македонија бидеќи ги собра Албанците да формираат платформа.

фрчковски

Знаете што се случи околу платформата и околу собирањето на Албанците, што мислам дека се случи. Мислам дека беше голема предност за нас што меѓународните пријатели, па и Еди Рама усепаа да ги соберат и да формираат блок од тие партии. Бидејќи главната опасност беше да бидат уценувани на парче од ВМРО-ДПМНЕ, кои и со Мендух Тачи и со Алија Ахмети имаа линија на уцени на кои тие не можат да одолеат, вели Фрчковски.

Тој додава дека добро е што албанските партии се собраа и формираа блок кој е многу важен за Република Македонија, а воедно истакнува дека втора албанска партија во Република Македонија е СДСМ.