Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо призна дека сака белгискиот интернационалец Еден Азард уште најмалку 10 години да престојува на “Стемфорд Бриџ” и додаде дека моментално вреди околу 100 мил. фунти.
“Јас не сум информиран, не сум слушнал дека Челзи ќе му понуди нов договор на Азард. Ако е така, јас ќе бидам пресреќен. Сакам Еден да остане на “Стемфорд Бриџ” уште најмалку 10 сезони. Според мене, овој фудбалер на Чезли вреди околу 100 мил. фунти. Јас толку го проценувам и мислам дека мојата проценка е точна”, изјави португалскиот стручњак.
Во изминатите неколку недели, голем интерес за репрезентативецот на Белгија покажаа челниците на Реал (М) и на ПСЖ, но со ваквата изјава, дека вреди околу 100 мил. фунти, Мурињо испрати јасна порака дека Азард и во новата клупска сезона ќе го носи дресот на Челзи.