Според неофицијални резултати, Ковачевски е извесен наследник на Заев

Димитар Ковачевски е извесно дека ќе биде наследник на Зоран Заев на фунцкијата претседател на СДСМ по денешните втори внатрепартиски избори во владеачката партија. Ова го покажуваат податоците по обработени 49 избирачки места од вкупно 193.

Ковачевски засега има 7.915 гласа и убедливо водство во однос на противкандидатите Фросина Ременски за која гласале 562 члена на СДСМ и Јован Деспотовски кој досега има 562 гласа. Неважечки се 108 гласа.

Правото на глас на денешните вонредни внатрепартиски избори во СДСМ го искористиле 43.469 членови.

Гласањето заврши во 19 часот и во тек е обработка на податоците.

-Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата.