Американскиот производител на електрични возила „Tesla“ го истисна германски „Volkswagen“ од позицијата втор произведувач на автомобили во светот според пазарната вредност, иако според бројот на испорачаните возила и натаму многу заостанува зад германската корпорација.
Цената на акциите на „Tesla“ е повеќе од удвоена од октомври 2019 година, кога компанијата извести дека третото фискално тримесечје го затворила со добивка. Претходно позитивен деловен резултат оствари во последните два квартала од 2018 година. Но сѐ уште не можат да се пофалат со позитивен резултат во цела деловна година.
Во средата акциите на „Tesla“ пораснаа за 4 отсто, па пазарната вредност на компанијата надмина 100 милијарди долари. Со тоа го истисна од втората позиција во светот според пазарната капитализиција германски „Volkswagen“. Водечката позиција ја држи јапонска „Toyota“ со 230 милијарди долари.
Некои аналитичари сметаат дека растот на цената на акциите на „Tesla“ ги одразува добрите резултати на компанијата во изминатите месеци. Компанијата неодамна отвори фабрика во Шангај, која треба да послужи како отскочна даска за освојување на кинескиот пазар.
Според бројот на испорачаните автомобили и натаму заостанува зад етаблираните автомобилски гиганти. Така во јануари извести дека минатата 2019-та „Tesla“ испорачале повеќе од 367.500 автомобили, 50 отсто повеќе отколку претходната 2018 година. „Volkswagen“ испорачал речиси 11 милиони возила, а „Toyota“ од јануари до ноември лани продала повече од 9 милиони возила.
Лоши вести за Tesla и Volkswagen
Американските регулатори во меѓувреме покренаа истрага против „Tesla“ поради палење на батериите и неочекувано забрзување на автомобилите.
Лоша вест во четвртокот стаса и за „ Volkswagen“ од Канда, чии регулатори му одредеа казна од 196,5 милиони канадски евра, или 135,8 милиони евра, поради кршење на правилата за емисија на штетните гасови.
„Volkswagen“ во декември беше обвинет дека во Канада увезол 128.000 возила кои ги кршеле стандардите за емисија на штетните гасови. Компанијата призна дека ги прекршила прописите за емисија на штетните гасови од дизел возилата и дека доставувала неточни инфроамции. Минатиот месец извести дека склучиле спогодба за решавање на спорот, но без да наведе поединости.
Вкупно скандалот со вградување софтвер за фалсификување податоци за емисијата на штетните гасови досега „Volkswagen“ ги чинеше досега 30 милијарди евра за казни и други трошоци.