Според украинскиот министер за здравство – 21 болница уништени досега во руската инвазија

Повеќе од 20 украински болници се „целосно уништени“ поради руската инвазија на Украина, додека повеќе од 300 болници и други здравствени институции делумно се оштетени, рече министерот за здравство на таа држава.

Виктор Лиашко рече дека бројот на урнати објекти е 21.

Тоа значи дека болниците мора повторно да се изградат, додека пациентите кои ги користеле треба сега да бидат евакуирани.