Според ВМРО-ДПМНЕ, зелената нафта е уште едно „Ќе“ на СДСМ

Зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ. Ветуваа дека земјоделците ќе ја добијат веднаш, но еве сега се уште нема, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на најавите на СДСМ.

Власта воопшто не се грижи што земјоделците имаат зголемени трошоци заради порастот на дизелот, и се уште си поигрува со нивната мака манипулирајќи дека зелената нафта ќе ја добијат наскоро. СДСМ пред да дојде на власт ветуваа чуда во земјоделието, организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, но наместо тоа донесоа беда за земјоделците.

Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа расипничка и криминална власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави, се наведува во реакцијата на партијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.