Спорниот ДУП за Трнодол одложен за во септември

113

Под притисок на жителите на Трнодол и Жданец, кои бараат да се стопира спорниот ДУП за Трнодол, општина Карпош ја одложи расправата за планот за во септември.

Денеска голем број на засегнати граѓани присуствуваа на средба со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Тој на стравувањата на граѓаните дека новиот план предвидува маркица за зграда на влезот на Трнодол, скратување на главната улица и изградба на мост што ќе ги поврзе Жданец и Трнодол, рече дека зграда нема да се гради.

„Напротив, во Деталниот урбанистички план кој сега е само во почетна фаза и е на јавна анкета, овде се предвидува намена Д1, односно парковско зеленило, онака како што ви го ветив на вас граѓаните, во кампањата, од истото ова место.Што се однесува до дилемите дали тука ќе има мост. Со Регулацискиот план на Град Скопје, уште одамна е предвиден мост којшто треба да го спојува патот за Трнодол и патот за Жданец, па така, ние како Општина мораме тој Регулациски план да го преземеме во нашиот ДУП. Но, како и да е, во секој случај, со предложениот ДУП, овој пат, патот за Трнодол останува и понатаму ист. Оттука, ниту каналот ќе се затвори, ниту на ова место ќе се гради зграда, ниту патот за Трнодол ќе се затвори“, рече  Богоев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.