Спортистите масовно во акција за помош на настраданите во поплавите

Македонските спортисти се приклучија со донации за настраданите во поплавите во Македонија, што однесоа и жртви.

Откако први се огласија фудбалерите, кои средствата од квалификацискиот натпревар против Албанија во целост ќе ги донираат на погодените од катастрофалната поплава, нив ги следеа и останатите.

Кошаркарската селекција на Македонија која се подготвува за квалификациите за ЕП, веќе порачаа: „Ние дониравме, приклучете се и Вие“.

Поддршката доаѓа и од македонските авто-клубови, кои ги поканија сите свои членови, но и воопшто граѓаните на Реапублика Македонија, да се придружат кон собирањето на основните потребни материјали.

За таа цел, денеска тие ќе организираат и собирање на помошта е пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 14 часотм каде членовите од авто-клуовите очекуваат масовна поддршка поразчувајќи: ,,Се гледаме таму, а во меѓувреме, Ве потсетуваме да донирате за настраданите на телефонскиот број 143 400“.