Спортот пред нов жесток удар откако Филипче најави целосна забрана на сите настани!

Запирање на сите настани во државата, што секако ќе ги вклучи и тие од спортски карактер, ќе биде еден од предлозите на Комисија за заразни болести (КЗБ) в понеделник до Владата, ако викендов продолжи трендот на драстично зголемување на бројот заразени со Ковид-19 во државата.

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека ќе мора да се применат нови мерки на заштита, кои ќе опфатат повеќе сегменти на пренесување на вирусот, бидејќи сѐ повеќе има позитивни на коронавирусот за кои не се знае од каде се заразени.

„Покрај најавеното носење маски на отворено, утрово разговаравме и за дополнителен мерки. Во понеделник ќе предложиме ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, како и целосна забрана за секакви настани. Со тоа ќе се намали бројот на заразени од корона вирусот“, вели Филипче.

Овие мерки се дополнување на оние кои веќе чекаат законски измени, задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот и ограничување на домашните посети. Спортските настани викендов непречено ќе се одржуваат, но доколку продолжи зголемувањето на позитивни случаи јасно е дека дефинитивно ќе има запирање и на спортскиот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.