18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Спречен атентат над поранешниот француски претседател Оланд

Припадник на терористичка ќелија која била разбиена на 29-ти април годинава, планирал да ја нападне претседателската палата во Париз, полицијата и поранешниот социјалистички претседател Франсоа Оланд.

Kако што јави телевизијата BFMTV, повикувајќи се на судски извори, лицето кое е малолетно, било уапсено во Стразбур во април, заедно со уште други три лица. Истражните органи пронашле фотографија на која тој позира до поранешниот шеф на државата, јавува дописникот на МИА од Париз.

Овие четири малолетни лица беа обвинети во почетокот на мај за криминално терористичко здружување. Петтото лице, исто така малолетник, беше уапсен неколку дена подоцна.