Свет

Спречен атентат врз шпанскиот премиер Санчез

Спречен атентат врз шпанскиот премиер Санчез

Шпанската полиција спречила планиран напад врз социјалистичкиот премиер Педро Санчез, потврдија во четвртокот тамошните власти.

Полицијата во сепаратистичката покраина Каталонија објави дека бил уапсен човек кој имал намера да ги убие шпанскиот премиер Педро Санчез, како и дека во неговиот дом бил откриени големи количества разно оружје. Мажот бил уапсен пред три седмици во каталонскиот град Тaррасa под сомневање дека планира да изврши атентат врз премиерот, изјавиле од полициската управа на каталонската престолнина Барселона, пренесува агенцијата DPA.

Се смета дека мажот сакал да се одмазди за плановите на шпанската социјалистичка влада да ги ексхумира и премести посмртните останки на поранешниот шпански диктатор генералот Франциско Франко кој по неговата смрт во 1975 година е погребан во мавзолеот во Долината на паднатите недалеку од Мадрид, местото на коешто се наоѓаат посмртните останки на спротиставените републиканци и националисти убиени во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година.

Уапсениот 63-годишен маж имал дозвола за носење и поседување оружје коешто е пронајдено во неговиот дом. Полицијата пронашла 16 парчиња различни видови огнено оружје, меѓу кои биле и снајперски и автоматски пушки. Мажот инаку работел за приватна компанија за обезбедување.

Според медиумските изврштао, осомничениот на социјалните мрежи ги најавил своите планови да го убие премиерот Санчез. Тој е изведен пред судот и во моментов е сместен во затворор во Тaрраса, потврдила портпаролката на каталонското министерство за правосудство за агенцијата DPA.