Спречен обид за киднапирање на патнички авион во Иран

27

Иранската Револуционерна гарда соопшти денеска дека иранските власти спречиле обид за киднапирање на патнички авион на лет во текот на претходната ноќ, без да наведе детали за инцидентот.

Обидот за киднапирање се случил во авионот Фокер 100 на компанијата Иран Ер, на летот од градот Ахваза во југозападниот дел на земјата до Машхада во северозападниот дел на Иран.

Во соопштението не се прецизира идентитетот на киднаперот, но се наведува дека тој се обидел да го пренасочи летот до „јужниот брег на Персискиот Залив“.

Поради инцидентот, во кој нема повредени, авионот принудно слетал во Исфахан, во централниот дел на Иран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.