Спречен обид за криумчарење на златен и сребрен накит на ГП Богородица

Вчера во вечерните часови, царинските инспектори од мобилните тимови од Одделението за оперативни работи на Царинската управа, во камион на влез во државата на граничниот премин Богородица, открија случај на криумчарење на златен и сребрен накит, соопштија од Управата.

-При спроведената детална контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, кое пренесувало стока од Турција, во празнина зад инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен накит и 2.408 грама сребрен накит.

Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.