Спречен шверц на стока за широка потрошувачка на Долно Блаце, уапсени четворица косовски државјани

Во средата на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници извршиле контрола во две патнички возила и задржале четири косовски државјани, затоа што во возилата било откриено поголемо количество стоки за широка потрошувачка без потребните документи.

Имено, во 14.15 часот бил извршен преглед во возило „фолксваген бора“, со косовска национална ознака, управувано од Р.С. на 30, во кое совозач бил А.Т. на 31 година двајцата од Косово. При преглед во возилото, во делот за резервна гума била пронајдена стока за широка потрошувачка без документи.

Во 15.20 часот, пак, била извршена контрола и на патничко возило „фолксваген голф“, исто така со косовска национална ознака, управувано од Ќ.Ц. на 23, во кое совозач бил Г.И. на 29 година, двајцата од Косово. При контролата било констатирано дека возилото било натоварено со стока за широка потрошувачка без документи.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока лицата и предметите биле предадени на царински службеници за понатамошна постапка.