Спречен шверц на вино, кечап и восочни табли кај Стење

Полицијата спречи шверц на вино, кечап и восочни табли, вредни над 1.500 евра на граничниот премин Стење.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 23 часот, граничната полиција  на преминот Стење, во месноста викана „Див паркинг“  затекнала пет лица, М.М. (26), Т.С. (29), А.Л. (28) Д.Т. (24) и И.С. (30), во обид да прошверцуваат алкохолни пијалоци и други производи.

Шверцерите,  сите родум од Албанија, но со албанско и македонско државјанство од  автомобил  „мерцедес Е 200“ со бугарски регистарски таблички претоварувале пакети и вреќи со производи  со намера илегално да ја минат државната граница и да ги пренесат  производи.

При направениот увид констатирано е дека се работи за 234 шишиња од по 0,75 милилитри и 80 шишиња од потри  литри вино, „Смедеревка“, „Алтан Вранец“ и  „Тга за југ“, 56 туби кечап и 120 восочни табли, вредни околу 1.500 евра.

Стоката намената за препродажба во Албанија  била сопственост на 21-годишниот Љ.Ј. од Пустец исто така со двојно државјанство, кој изјавил дека стоката ја купил во Битола, а лицата ги ангажирал за да ја транспортираат.

По целосно документирање на случајот против инволвираните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.