Спротиставени пораки на Вучиќ и Тачи пред самитот во Берлин

Белград и Приштина не се ниту чекор поблиску до решението за повеќемесечниот застој во дијалогот за нормализација на односите и во саботата, два дена пред одржувањето на берлинскиот самит на 29-ти април, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи повторно испратија спротиставени пораки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцен дека на собирот во Берлин позицијата на Србија „не е воопшто лесна и едноставна“, а косовскиот челник Хашим Тачи очекува дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе го убеди претседателот на Србија да ја признае еднострано прогласената независност на Косово.

Тачи за приштинските медиуми рече дека очекува дека Меркел ќе ги повика петте земји членки на Европската унија кои не го признаа Косово, како и Босна и Херцеговина, да ја прифатат независноста, убеден дека постои „добра шанса тоа да се случи. „Истовремено, под никакви услови нема да прифатиме на Косово некој да му предложи некој вид двоен суверенитет или каков и да е германско-германски модел, Републка Српска или каква и да е автономија“, рече тачи во интервјуто за RTV 21.

Вучиќ, пак, пред самитот во Берлин рече дека на овој собир „не постои никој кој не го признал Косово, освен БиХ“. „Ние таму ќе бидеме единствените кои ќе се спротистават на таа идеја и на поинаков начин ќе се борат за таа идеја, гледајќи ја од друг агол. Нашата позиција воопшто не е лесна и едноставна“, рече Вучиќ за новинарите во Кина каде учествуваше на самитот „Еден појас еден пат“. Вучиќ оцени дека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон се „големи и сериозни луѓе“, кои извонредно ги цени и верува дека ќе се изнајде избалансиран пристап како проблемите меѓу Белград и Приштина да се решаваат во иднина, пренесува РТС од Кина.

Од претстојниот состанок во Берлин, на кој челниците на ЕУ ги повикаа лидерите на балканските земји, се очекува позитивно придвижување кон продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Повикот на собирот го упатија заеднички Германија и Франција, а покрај претставниците од земјите од западен Балкан најавено и е учество на претставник на Европската комисија. Централната тема би требало да биде дијалогот меши Беград и Приштина кој е блокиран веќе неколку месеци.

Тензиите меѓу двете страни дополнително минатата година ги влоши непримањето на Косово во меѓународните организации како Интерпол и УНЕСКО, како резултат на успешното лобирање на Србија. Следеше одмазднички чекор на Приштина со воведување 100 отсто царини на производите со потекло или увезени преку Србија и БиХ. Белград ги обвинува САД и ЕУ деке недоволно силно ја притиснале Приштина за со воведувањето на церините да престани да ги да ги крши економските договори SSP со ЕУ и договорот CEFTA. Српскиот претседател Вучиќ истовремено категорички порачува дека ќе се врати на преговатрачката маса само откако Приштина ќе ги укине овие царини. Од друга страна, косовскиот парламент неодамна усвои преговарачка стратегија во која најглавната точке е дека Србија треба да ја признае независноста на Косво во сегашните граници, што државниот врв во Белград експлицитно го отфрла како можност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.