„Спутник V“ помалку ефикасeн против новите соеви на коронавирусот, но многу подобaр од другите вакцини

Руската вакцина против Covid-19 „Спутник V“ е помалку ефикасна на јужноафриканскиот сој на коронавирусот, но тој пад е многу помал отколку кај другите вакцини, изјави во петокот водечкиот научник и директор на институтот кој ја изработи вакцината Александер Гинцбург.

„Кога станува збор за јужноафриканскиот сок, против него опаѓа ефикасноста на антителата кои ги произведува Спутник V, како што опаѓа и кај сите други вакцини“, вели Гинцбург во интервјуто за приватната новинска агенција Интерфакс.

Вакцината „Спутник V“ била тестирани во лаборатории во САД на британскиот и на јужноафриканскиот сој, како и на оригиналната варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 кој беше првпат идентификуван кон крајот на декеври 2019 година во кинеската покраина Хубеи, додава Гинцбург во интервјуто.

Лабораториите ги користеле примероците од крвта од луѓе кај кои била применета вакцината „Спутник V“ во Аргентина, појаснува челникот на Институтот „Н.М. Гамалеја“. Истакнал дека во тие испитувања не учествувале руски научници, за да се исклучи сомневањето за наводна пристрасност.

„Иако одговорот на антителата на јужноафриканската мутациа е послен, тој пад во случајот на ‘Спутник V“ е значително помал отколку што е падот кај другите вакцини“, наведува Гинцбург.

Додаде дека резултатите од истражувањата на „Спутник V“ на сојот од кинески Вухан ги потврдиле сознанијата до коишто дошле научниците од неговиот тим во московскиот научен институт „Гамалеја“.

„Се покажа, исто така, дека од сите вакцини коишто моментално се користат во светот, ‘Спутник V’.. најдобро ја неутрализира варијантата коајшто ја нарекуваме ‘британски сој’“, вели Гинцбург.