Срамно реми на Италија, Еквадор ја намачи Англија

Големиот фаворит, кога е во прашање победничкиот пехар на престојниот Мундијал во Бразил, репрезентацијата на Аргентина, која без многу мака ја оправда фаворитската улога во последниот пријателски натпревар и сосема заслужено со убедливи 3:0 ја победи селекцијата на Тринидад и Тобаго.

Сигурна победа од 2:0, но во дуелот против селекцијата на Велс, за која не настапи најскапо купениот фудблаер на денешницата, Герет Бејл, забележаа репрезентативците на Холандија.

Без победник, 2:2, заврши дуелот помеѓу двете репрезентации кои ќе настапат на Светското првенство, Еквадор и Англија, а репрезентацијата на Италија одигра само 1:1 во дуелот против апослутниот аутсајдер, селекцијата на Луксембург.
Од поинтересните натпревари ќе ја издвоиме победата на Уругвај од 2:0 во дуелот против селекцијата на Словенија.