СРАМОТА: Георгиевски го постигна најголемиот успех за Македонија освојувајќи сребро на Олимпијадата а од АСМ не доби најголем ваучер (ФОТО)

Иако го постигна најголемиот успех за Македонија на едни Олимписки игри со среброто летоска на ЛОИ во Токио, Дејан Георгиевски од Агенцијата за млади и спорт (АМС) изненадувачки не доби најголем ваучер и покрај најголемиот спортски успех за кој беше прогласен очекувано за најдобар спортист за ланската 2021 година.

Георгиевски после две децении го донесе вториот медал од Олимпијадите, највреден досега со среброто во таеквондо, но тој од АМС доби дури трет по вредност ваучер. Георгиевски од државната АМС за оваа 2022 година доби 350.000 денари, а иста сума доби и борачот и олимпиец Могамедгаџи Нуров.

Најголем ваучер доби каратистот Емил Павлов, кој освои сребро на ланското Светско првенство во карате и тоа од 500.000 денари, додека втор најголем ваучер за оваа година има параолимпијката во стрелаштво Оливера Накова-Бикова од 400.000 денари.

Четврти најголем ваучер има борачот Владимир Егоров од 320.000 денари, а од најголемите ваучери за спортисти, каратистот Столе Смилковски доби 300.000 денари, атлетичарката Дрита Ислами доби 280.000 денари ваучер, додека кик-бокс шампионот, кој четврти пат во кариерата Димитар Ѓорѓиев доби 250.000 денари од државата.

Ова не е првиот пех на Дејан Георгиевски со АМС, кога стана европски првак во олимписки категории не му ја признаа титулата и не доби стипендија како и останатите спортиости, ниту, пак, го бираа за спортист на годината. Потоа, кога веќе беше неизбежно, со освојувањето среброто на ЕП во Босна и Херцеговина во 2020 година, повторно е оштетен, наместо стипендија од светски карактер доби утешна.

Се чини дека оние што прават историски успех се предмет на омаловажување и непочитување од разно-разни причини, а најдовратните се политичките.