Српските ракометари денеска триумфираа против Аргентина со 28-22, додека Египет беше подобар од Бахреин со 26-22 и обезбеди четвртфинале на Светското првенство (СП).
Аргентина покажа дека нема да биде лесен противник за Србија, па по почетното водство од 3-2 следеше пресврт на нашите соседи кои за момент стигнаа до 7-5.
Потоа следеше пад во нивната игра, а грешките ги казнија нивните ривали кои се вратија во водство (10-9). Србите, сепак успеаа да се соземат во завршните минути и на паузата заминаа со 12-10.
Србија имаше одличен почеток на вториот дел кога стигна на плус пет (15-10) и тука всушност ја создаде предноста која беше недостижна за Аргентина до крајот на натпревар (28-22).
Радивојевиќ беше најефикасен во победничката екипа со шест голови, додека на спротивната страна Ломбарди постигна девет погодоци.
Бахреин водеше неколку пати на почетокот, додека не се „загреа“ машинеријата на Парондо, по што почна доминацијата на теренот за водство од 13-9 на полувремето.
Египет продолжи во ист ритам, како пред крајот на првите 30 минути и ја зголемуваше предност за на крај да слави со 26-22.
Елдера со пет погодоци беше најдобар во редовите на Египет, додека Мерза запиша шест гола за Бахреин.