Србија ја укина вонредната состојба поради коронавирусот

FOTO TANJUG / ZORAN ZESTIC /

Скупштината (парламентот) на Србија во средата вечерта ја усвои одлуката за укинувањето на вонредната состојба воведена на 15-ти март поради епидемијата од коронавирусот и прогласи дека донесените мерки може да престанат пред објавувањето во Службениот весник, а во теке е последниот полициски час кој ќе престане во 5 часот утрото во четврток.

Притоа парламентот ретроактивно ги потврди сите уредби на владата кои беа донесени во текот на вонредната состојба со потисот на претседателот Александар Вучиќ.

„Мислам дека сите треба да уживаме во нашиот огромен успех. Ова е победа на сите нас за којашто не можеме да кажеме дека е конечна, но сега е време да се бориме за економијата, закрепнување на стопанството. Мислам дека заедно направивме добра работа и има причина да бидеме горди“, рече премиерката Ана Брнабиќ во завршницата од нејзиното излагање пред гласањето за усвојување на одлуката со којашто парламентот го потврди укинувањето на вонредната состојба.

Брнабиќ истакна дека со укинувањето на вонредната состојба се создале и услови за одржување на изборите и дека тие не се проблематични, ниту има потреба за полемија и лицитирање со датумите.

На претходниот состанок на српскиот претседател, владата и парламентот со париите од владејачката коалиција и опозициите партии кои сакаат одржување избори, одлучено е парламентарните, локалните и покраинските избори во Србија да се одржат на 21-ви јуни.

Изборните комисии на 11-ти мај ќе донесат отлука за продолжување на спроведувањето на предизборните активности и изборната кампања.

Опозициската коалиција Сојуз за Србија, којашто обединува неколку од водечките опозициски партии, остана истрајна во одлуката да ги бојкотира изборите.

Претходно во средата српската премиерка истакна во образложувањето пред пратениците дека Србија ги исполнила шесте клучни услови на Светската здравствена организација (СЗО) за укинување на вонредната состојба. Брнабиќ истакна дека Србија повече од седум дена има поламки од 5 отсто заразени коронавирус во однос на вкупно тестираните, што го ицени за „најважен услов“ за укинување на вонредната состојба.

„Овој услов е исполнет благодарејќи на сите рестриктивни мерки, дисциплината, залагањето на здравствените работнции и сите други. Го исполнивме овој темелен услов“, рече Брнабиќ образложувајќи го Предлогот за укинување на вонредната состојба.

На денот на формалното укинување на вонредната состојбна поради епидимијата на коронавирусот, службената статистика покажува повеќе од 200 починати и близу 10.000 заразени од почетокот на епидемијата од 6-ти март.

Според податоците за последните 24 часа, потврдени се уште 114 новозаразени со коронавирусот, што е вкупно 9,791 случај. Досега починале 203 лица. Стапката на смртноста е 2,07 отсто, а од заразата заздравеле 1.971 пациент, а од прогласување на епидемијата тестирани се 117.474 лица. Продолжен е зголемениот број тестирања, во последните 24 часа направени се 6,194 тста а процентот на новозаразените веќе седми ден е под 5 отсто во однос на бројот на тестираните, во последните 24 часа изнесувал 1,8 отсто. Во српските болнции од Covid-19 во моментов на лекување се 1.750 лица, од кои 48 се на респиратор.

Епидемиолозите од владиниот Кризен штаб инсистираат дека и без оглед на укинувањето на вонредната состојба, темелните превентивни мерки и натаму остануваат на сила – избегнување на контактите и почитување на физичката дистанца.

Водечкиот српски епидемиолог Предраг Кон тврди дека немало дилеми дали треба да се воведе вонредната состојба, бидејќи тоа го „овозможило користењето на војската и полицијата поради ефикасноста на примените на мерката“, нагласувајќи дека сите редуцирани мерки за превенција и активен епидемиолошки надзор и натаму остануваат на сила.