Србија ја укина забраната и дозволи бесплатен извоз на брашно

Владата на Србија на денешната седница ја измени Одлуката за времено ограничување на извозот на основните земјоделски и прехранбени производи и дозволи бесплатен извоз на брашно.
Од владата се наведува дека понудата на брашно и на пченица на домашниот пазар е добра и дека слободниот извоз на брашно не може да ја загрози состојбата со понудата на домашниот пазар. Дополнително, како што велат, Србија е традиционален извозник на брашно во пазарите на земјите од регионот.
„Со оглед на доволните количини брашно и пченица со кои располагаме, слободниот извоз на брашно предложен со оваа одлука, ќе има повеќекратни позитивни економски влијанија врз домашниот пазар“, се наведува во соопштението.
Со претходната одлука за привремено ограничување на извозот на основни земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, воведени се квантитативни ограничувања на извозот на месечно ниво за одредени земјоделско-прехранбени производи.

После едномесечната забрана на извоз на пченица, владата е во потрага по нови пазари за да се намали недостигот кој настана поради војната во украина. Надлежните во Србија видоа можност во целата ситуација и ги интензивираа дипломатските активности од највисоко ниво за да ја пласираат пченицата од Србија на африканскиот и азискиот пазар.

Во 2021 година Србија произвела 3,5 милиони тони пченица, а според проценките на Републичкиот завод за статистика и требаат нешто повеќе од 1,5 милиони тони лебно жито за да ги надополни стоковите резерви и семенскиот материјал. Тоа значи дека за извоз останале цели два милиона тони.

Од последната реколта до крајот на април 2022 година до откупувачите во странство се испорачани околу 835.500 тони пченица и 95.500 тони брашно.