Србија делумно ги заостри мерките за ограничување на работата на угостителите

Кризниот штаб при српската влада за борба со коронавирусот се откажа во петокот од намерата со петдневно затворање на сите угостителски објекти да се обиде да го пресече остриот скок на бројот на новозаразените, кој веќе два дена со ред е над 3.000, и препорача малку поблаги мерки.

На владата ѝ е препорачана одлука со скратување на работното време до 14 часот во денот во текот на викендите на територијата на целата земја за сите трговски центри, рестораните и кафулињата, коишто особебено во зимските центри се сметаат како клучни извори на сегашните зарази.

Градските власти во Белград, кој бележат најголем процент на заразените на дневно ниво, се спротиставија на затворањето на угостителските објекти, аргументирајќи го тоа со тврдењето дека „нема да дозволи“ затворање на српската престолнината поради тоа што во зимските центри „не ги почитуваат мерките и кафулињата работат до пет часот наутро“.

Србија веќе со седмици бележи четирицифрена статистика на заразените на дневно ниво, а последните денови зголемување на новите зарази се припишуваат на враќањето на илјадниците луѓе од зимувањето, но и на неодговорноста на граѓаните. Властите, со ангажирање на инспекцијата и комуналната полиција и со полициска асистенција, значително ги заостри контролите за почитување на епидемиолошките мерки.

Сано последните неколку дена се затворени неколку угостителски објекит во кои биле нарушени ограничувањата на работното време, со прекумерен број на гости, бидејќи во неколку локални се затекнати стотици лиам, па се преземаат и прекршочни и кривични мерки.

Според епидемиолошки податоци од четвртокот, покрај 15 нови починати потврдени се 3.588 нови зарази, во болници се згрижени се 3.832 паиценти, од кои 153 се на респиратори.

Коронавирусот првпат во Србија беше потврден на 6-ти март 2020 година, а со тестирањата на 2,9 милиони примероци досега е регистриран 449.901 број на заразени, додека вкупно починале 4.398 лица кај кои е дијагностициран Covid-19.

Србија е една од ретките земји во светот којашто во кампањата за иминузацијата користи четири одобрени вакцини: американската „Pfizer/BioNTech“, руската „Спутник V“, кинеската „Sinopharm“ а од почетокот на седмицава и англиската „AstraZeneca“ која е произведена од погоните во Индија.

Според официјалните податоци, до четвртокто во 15 часот биле вакцинирани 1.361.509 лица, од кои околу половина милион веќе ја примиле и втората доза.

Српските медиуми известуваат дека следната седмица во Белград треба да стата и третиот контингент на кинеската вакцина со 500.000 дози, покрај досега веќе испорачаните 1,5 милиони дози.