Србија доби уште 50.000 дози од „Спутник V“, пристигнува и голема пратка од „Фајзер“

Србија попладнево ќе добие нови 46.800 дози од вакцината на Фајзер против Ковид-19, информираше денеска српската премиерка, Ана Брнабиќ.

Со овие дози, Фајзер на Србија досега и испорача два милиони вакцини.

Утринава на аеродромот во Србија пристигнаа 50.000 дози од руската „Спутник V“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.