Србија договори со „Pfizer“ користење на експериментален лек против Covid-19

Српските здравствени власти потпишаа со американската фармацевтска компанија „Pfizer“ договор за дистриубуција на експерименталниот лек против Covid-19, кој според тврдењето за 89 отсто го намалува ризикот од хоспитализација и смрт на пациентите чиепто здравје веќе е загрозено од други заболувања, соопшто во понеделникот министерот за здравство Златибор Лончар.

„Ние сме третата земја во светот којашто потпиша договор, се договорила со ‘Pfizer’ и први ќе го имаме тој лек, кој има 89-процентна ефикасност во избегнувањето на болничкото лекување и потешките компликации“, изјави министерот за Лончар за Радио-телевизија на Србија (РТС), без да го наведе името на лекот кој го разви американската фармацевтска компанија.

Kомпанијата „Pfizer“ објави во петокот дека нејзиниот орален антивурусен лек против коронавирусната болест Covid-19, во втората фаза од неговото кличничко испитување покакажал дека го намалува ризикот од хоспитализација или смртен исход за 89 отсто.

„Врз осноа на резултатите од прелиминарната анализа на фазата 2/3 кај несхоспитализираните возрасни испитаници заразени со коронавирусот, PF-07321332 покажа намалување на ризикот од хоспитализација или летален исход од 89 отсто“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.

Во продолжение се наведува дека меѓу учесниците во контролната група, во истражувањато не се регистрирани смртни случаи.

Од своја страна, агенцијата Reuters забележува дека текот на примената на новиот препарат се состои од три таблети кои се земаат двапати на ден. Според агенцијата, „Pfizer“ има намера до крајот на годината да произведе повеќе од 180.000 дози од овој лек, а во текот на следната 2022 година се планира бројот на произведените дози да се зголеми на 50 милиони.

Претходно компанијата соопшти дека првата фаза од испитувањето покажала добра толеранција и безбедност на препаратот. Според нив, новиот лек потенцијално може да се зема кога ќе се појават првите симптоми на коронавирусот или по контакт со заразено лице без потреба од хоспитализација.

 

Речиси 70 починат и над 4.300 новозаразени со коронавирусот

Истакнувајќи дека вакцината „и натаму останува примарното оружје“ во борбата против коронавирусот, Лончар рече дека здравствениот систем настојува да се избоди што повеќе луѓе да ги примат вакцините, а не некои да се разболуваат и да дојдат во фазата од лекувањата кога мора да се користат лековите како што е и односниот.

Српскиот министер за здравство Лончар во разговорот за РТС исто така, укажа на „благото зголемување на бројот на вакцинирањето“ откако пред две седмици беа воведени ковид-пропусниците и најави дека државата ќе стори сѐ за да се големи бројот на вакцинираните и да се дојде „во една сигурна ситуација на сите полиња“, бидејќи здравството е соочено и со други болести и потребата на граѓаните од помош од здравствените власти.

„Веќе сега имаме две третините од болниците во ковид-системот и затоа ве молам да расмислувате за тоа“, им порача Лончар на сонардониците предупредувајќи на лошите искуства и преоптовареност на здравствените работници во четвртиот бран на коронавирусот.

Во Србија во понеделникот се пријавени 67 смртни исходи од коронавирусот и 4.348 новозаразени со коишто вирусот е потврден по тестирање на 16.799 примероци. На болничко лекување е 6.661 пациент, од кои 270 се на респиратор.

Србија од почетокот на епидемијата во мај 2020 година досега тестирала 6.472.195 примероци со коишто регистрирала 1.187.373 заразени лица, а потврди 10.472 смртни исходи од заразата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.