Србија договорила со „Pfizer“ 2,3 милиони дози од вакцината, расте бројот на заразените

Србија во петокот потпишала нов договор со американската фармацевтска копанија „Pfizer“, според кој во април ќе добие уште 1,2 милиони дози од вакцината против коронавирусот, соопшти српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

По разговорот со ресорниот колега од Република Српска, Ален Шераниќ во Белград, Златибор Лончар за новинарите им рече дека договорот предвидува испорака и на дополнителни 1.190.000 дози од вакцината на „Pfizer“ кои би требало да стаса во третиот квартал од годинава.

Договарајќи го продолжувањето на соработката во процесот на имунизацијата со Република Српска, чиишто здравствени работници веќе неколку дена се вакцинираат во Србија, во Шабац, Лозница и Сремска Митровица, министерот Лончар го наведе податокот дека се постигнале близу 5.000 дополнителни дози.

„Се спроведува договорот на претседателот Александер Вучиќ со водството на Република Српска и се приближуваме до бројката од 5.00, но тука нема да застанеме. Договориве со министерот за здравство на Република Српска натамошна соработка“, истакна Лончар.

Најави дека Србија во својот електронски систем, кој го користи во процесот на кампањата на вакцинацијата, ќе го отстапи на Република Српска кога во овој босанскохерцеговски ентитет ќе обезбедат доволни вакцини.

Во Србија во моментот се користат вакцините на американскиот-германски тандем „Pfizer/BioNTech“, руската вакцина „Спутник V“ и кинеската „Sinopharm“, а претходно беше најавена и спораката на англо-шведската компанија „AstraZeneca“, но досега од неа нема пристигнато ниедна доза.

Белградскиот дневен весни Вечерње новости објавија во петокот дека првиот контингент од 150.000 дози од вакцината „AstraZeneca“ би требало да бидат испорачани за два дена, на 21-ви февруари.

Србија според податоците од здравтсвените власти во петокот надмилата број од милиони дополнителни дози од вакцината, а вакцинирани се 1.018.937 лица, од кои првата доза досега ја примиле повеќе од 635.000, што ја става Србија на шестото место во светот, второт во Европа и првото во регионот.

Истовремено, статистиката во последните два дена последователно покажува нов скок на бројот на новозаразените, во четвртокот 2.561 и во петокот 2.632 лица, па од Кризниот штаб најавија можност за заострување на мерките, доколку епидемиолошката ситуација продолжи да се влошува.

Србија според податоците од четвртокот во 15 часот, на болничко лекување имала 3.472 пациенти, а 148 на респиратори, додека денеска имало 3.499 пациенти, од кои 152 на одделите за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во март во Србија се тестирани вкупон 2.824.207 примероци, од кои се регистрирани 431.680 заразени, а потврдени се 4.306 смртни исходи од Covid-19.