Србија ќе гради фабрика за ПЦР тестови

24

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија започнува да гради погон за секвенционирање на геноми на Институтот за молекуларна биологија, а најави и изградба на фабрика за ПЦР тестови.

Тој во интервју за „Блиц“ рече дека за изградбата на фабриката за секвенционирање на геномот го информирале институтот за геноми во Пекинг и верува дека ќе постигнат значителни резултати до крајот на годината.

Српскиот претседател додаде дека ќе се инвестира многу во современите медицински технологии и биотехнологии.

-Можам да ви кажам дека исто така ќе градиме фабрика за ПЦР тестови што ќе го реши проблемот со тестирање засекогаш, рече Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.