Србија ги отвора границите со Македонија и со уште три земји

На приви јуни Србија ќе ги отвори границите со Македонија, но и со уште 3 земји од окружувањето, дознава Блиц.рс.

Како што пренесува порталот, во потполност ќе се отворат границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора.

Ваквата одлука е донесена, бидејќи ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот.

Одлуката е донесена најмногу заради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои циркулираат меѓу тие три земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.