Србија ги отвори границите: Се влегува само со негативен Ковид-тест

Србија од денеска ги отвори своите граници, но за сите патници, според одлуката на владата задолжителен е тестот за корона вирусот кој мора да биде негативен.  Во функција повторно е ставен и меѓународниот аеродром во Белград, „Никола Тесла“.

Српската влада, ваквата одлука ја донесе по препорака на Кризниот епидемиолошки штаб, кој вчера оцени дека во земјата епидемиолошката состојба е стабилна.