Србија ги укинува сите ковид-мерки за влез во земјата

Српските државјани, но и странските државјани од полноќ при влез во земјата нема да имаат потреба од негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за болест или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Србија.

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата е донесена врз основа на моменталната епидемиолошка состојба во земјата и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот.

И Хрватска, исто така, соопшти дека ги укинува сите ограничувања за влез во земјата, воведени поради пандемијата. Влезот во Хрватска е дозволен со уважување на условите за влез кои беа важечки пред епидемијата на ковид-19, односно условите пропишани со законот за Шенген граници, законот за странци и други закони, се наведува во соопштението на хрватското МВР.