Србија го доби антивирусниот лек на „Фајзер“

Првиот контигент од антивирусниот лек Paxlovid на Фајзер, еден од најмодерните лекови против корона вирусот, пристигна во Србија. Србија е првата земја во континентална Европа која го доби овој лек (го има само уште во Велика Британија), десет дена откако ЕМА (Европска агенција за лекови) одобри употреба и на овој лек.

„Паксловид“ е антивирусен лек кој содржи две компоненти ритонавир и нирматрелвир и е наменет за орална употреба. Индициран е за третман на инфекција со ковид-19, кај возрасни на кои не им е потребен дополнителен кислород и кои имаат зголемен ризик од прогресија во тешка форма на болеста. Се препорачува да се започне со употреба на лекот во првите пет дена по почетокот на симптомите.

На крајот на минатата година, Србија беше меѓу првите, заедно со Соединетите Американски Држави и Велика Британија, што потпишаа договор со претставниците на „Фајзер“ за набавка на најдобриот лек против коронавирусот, кој го намалува ризикот од хоспитализација и тешки болести до до 89 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.