Србија го надмина психолошкиот праг од 1.000 починати од Covid-19

Србија во неделата со 20 починати во последното деноноќие како последица од компликациите кои ги предизвикува инфекцијата со новиот коронаворус SARS-CoV-2 ја надмина психолошката граница од илјада смртни исходи од почетокот на епидемијата во земјата на 6-ти март, а во последните 24 часа регистрирала уште 3.482 нови случаи на заразата.

Според последните податоци објавени од српското министертво за здравство и Институтот за национално здравје „Батут“, во неделата се потврдени 20 починати лица како последица на Covid-19, со што вкупната бројка на смртни исходи во неделата изнесува 1.009. Процентот на смртноста во однос на вкупниот број заразени и натаму е во пад, а со денешниот ден изнесува 1,19 отсто.

Со 11.527 тестирања на примероци, коронаинфекцијата е потврдена кај 3.482 лица, што во Србија е веќе петти ден со ред да се регистрираат над три илјади нови случаи на дневно ниво, со рекордот од 3.822 нови случаи на заразата во саботата. Од почетокот на епидемијата тестирани се вкупно 1,507.822 а вкуипниот број заразени доега е 84.568 лица.

На лекување во болниците ширум Србија во неделата имало 3.874 пациенти, од кои 164 заболени се на респиратори.

Белград и натаму е најголемото жариште на коронавирусот во Србија, од вкупниот број заразени денеска во престолнината се потврдени 1.346 зарази, или 39 отсто, што е за пет проценти помалку отколку претходниот рекорден ден, како и во текот на изминатата седмица.

Според бројот на дневните нови случаи на зараза следат Крагуевац со 137, Ниш со 135 и Нови Сад со 94 нови случаи во последните 24 часа.

Претходно во неделата српската влада на вонредна седница одлучи од вторникот 17-ти ноември до 1-ви декември да воведе затворање од 21 часот навечер до 5 часот наутро на сите продавници освен на аптеките, бензинските црпки и на оние за домашно доставување на храна, а оваа мерка нема да се однесува на стопанските субјекти кои може да работат и во трета смена.

„Ќе ја следиме примената и ефикасноста од овие мерки, а следната мерка би можела да биде забрана за движењето“, рече меѓу другото на пладневната прес-конференција српската премиерка Ана Брнабиќ, наведувајќи дека владата не е за оваа мерки, но дека доколку биде неопходно секако ќе ја донесе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.