17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Србија го забележа најголемиот број починати и трипати повеќе заразени во 24 часа, пристигна руската помош

Во Србија во петокот се реистрирани осум нови смртни исходи како последица од зараза со новиот тип коронавирус во изминатите 24 часа, што е највисока дневна бројка од избувнувањето на епидемијата во земјата, а во истиот период и се зголеми на вкупно 39 починати лица.

Од осуммината нови жртви на коронавирусот, шест се мажи а две се жени, со просечна старост од 70 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,64 отсто, изјави на денешната владина прес конференција членот на кризниот штаб, лекарката Дарија Кисиќ.

Исто така, во петокот за разлика од четвртокот, од 748 новотестирани, регистрирани се за трипати повеќе заразени лица со коронавирус или 305 лица, со што вкупно заразени во Србија се 1,476 лица. Досега вкупно се хоспитализирани 874 пациенти, од кои 81 лица се водат како тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Кисиќ.

Бројот на тестирни лица заклучно заклучно со денескат изнесува 5.756 лица од кои заразени со коронавирус се 1.476 лица.

Епидемиологот Предраг Кон, на прес конференцијата ја спомна мошне тешката ситуација во Гинеколошко-акушерската клиника Народен фронт во Белград, каде од вработените, позитивни на коронавирусот се 46 лица и се одалечени од работа, а медицинскиот персонал е пополнет од други клиники.

На прес конференцијата граѓаните беа потсетени на новите мерки за забрана за движење за време на викендите (40 часовен полицијски час), која почнува утре во 13 часот и ќе трае до 05 часот во понеделник.

Изменета е мерката за пензионерите, кои наместо во недела, ќе можат утре да излезат од своите домови да се снабадат со потребните намирници, а проширена и можноста за шетање на миленичињата, секој ден од 23 часот до 01 наутро, како и во недела од 08-10 часот.

Од кризниот штаб информираа дека на погребите можат да бидат најмногу 10 лица, со почитување на меѓусебната раздвоеност од 2 метри.

Како што изјави премиерката Ана Брнабиќ на денешната свеченост по повод пристгнувањето на руската медицинска помош на лекари и опрема, Србија влегува во петтата недела на борба со коронавирусот, која, со оглед на денешниот број на починати, преставува „најтешка фаза во справувањето со епидемијата.“

Покрај руската помош, денес министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, и амбасадорот на ЕУ во Србија Сем Фабрици и шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги во Србија (УНОПС) Микела Телатин потпишаа договор за донација од 4,9 милиони евра помош на Србија во борбата против пандемијата.

Претходно рано попладнето во петокот во Белград на аеродромот Батајница слета првиот авион со руска помош за Србија. Авионот, кој носи медицинска помош, го пречекеа премиерката Ана Брнабиќ, но и министерот за одбрана Александар Вулин. Со нив е и рускиот амбасадор во Србија, Боцан Харченко.

Помошта пристигна по вчерашниот разговор меѓу претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин.

„Руската Федерација и Војската на Русија ни помага во борбата проитв коронавирусот. Тоа што ни стигна многу ќе ни помогне. Србија никогаш не го заборава доброто. Некогаш го забораваме лошото или го намалуваме, но доброто кое ни е направенп никогаш не го забораваме“ изјавил министерот за одбрана Вулин.

Брнабиќ им се заблагодари на сите што од Русија дошле во Србија.

„Оваа помош доаѓа во најтешки денови за Србија во борбата проитв Ковид-19, зошто имаме уште 8 починати во изминатите 24 часа“ рекла Брнабиќ.

Таа додала дека на Србија и`претстои тешка борба во следните недели и дека ова е значајна помош за Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.