Србија го забележа рекордниот број починати од почетокот на епидемијата

„Црниот петок“ скапо ќе ја чини Србија, предупредија во саботата лекарите од владиниот Кризен штаб на денот кога земјата забележа 61 смртени исход како последица на компликациите предизвикани од Covid-19, што е најголемиот ваков показател на дневно ниво од почетокот на епидемијата.

Со новиот показател, што е за четири смртни случаи повисок од пресекот за петокот, вкупниот број починати во текот на епидемијата во Србија се зголеми на 1.484, според владината веб-страница covid19.rs. Според тоа, процентот на смртноста е 0,91 отсто.

Србија во изминатите 24 часа во саботата пријави 7.041 нов случај на зараза со коронавирусот, со 18.592 тестови, за разлика од ден претходно кога пријави 7.780 новозаразени потврдеи со 22.404 тестови.

Од почетокот на епидемијата во земјата, на 6-ти март, досега се потврдени 163.035 коронаинфекции. Во моментов во српските болници се згрижени 7.011 пациенти, од кои 254 се во тешка состојба и на респиратори.

„Видете на Западот, видете ја Словенија. Таму ‘Црниот петок’ не постоеше. Тоа не претставува ниту еден промил од екононската полза, а е од непроценлива штета за здравствените служби и чувањето на здравјето. Во овој момент здравјето е најважно, па и по цена на економијата“, предупреди членот на здравствениот дел од Кризниот штаб на српската влада, др Бранислав Тиодоровиќ.

Коментирајќи ги тисканиците и редиците пред продавниците, Тиодоровиќ укажа на тоа колку луѓе и покрај предупредувачкиот тренд на растот на починатите и новозаразените со коронавирусот, во трговските центри во петокот чекале да ги искористат големите попусти на почетокот од традиционалните празнични пазарења, америакнски обичај преземен и во регионот последната деценија.

Тиодоровиќ предупреди дека во поглед на пополнетоста на болничките капацитети и растечкиот тренд на бројот на починатите од коронавирусот, следната седмица ќе биде тешка, а најголема опасност гледа токму во последиците од „Црниот петок“, кога илјадници граѓани игнорирајќи ги предупредувањата на епидемиолозите и виролозите, се решија за пазарење во трговските центри.

Коментирајќи ја епидемиолошката состојба во земјата, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска истакна дека „Србија мора да рестира голем број лица, многу повеќе отколку земјите во опкружувањето.

Во контекстот на тоа спомена дека Србија „има помалку починати од Македонија, која има четири пати помалку жители, или од Хрватска која е 1,8 пати помала. „Бугарија има 3.600 починати, Унгарија, 4.800, Романија 11.000, а тоа покажува колку нашиот здравствен систем се бори“, рече Вучиќ во Ниш во текот на посетата на тенковските единици на Војската на Србија.

Коментирајќи ја изјавата на претставникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во Белград дека Србија е во врвот на листата земји според бројот на заразените, Вучиќ повтори дека „Србија тестира огромен број лица токму за да ги спаси нивите животи“.