Србија и Косово договориле нормализација на односите во економијата

Србија и Косово договориле нормализација на односите во областа на економијата како резултат на прековорите на нивите челници во Бапшингтон, изјави во петокот претставникот на Белата куќа, Џад Дир, а засега за содржината на договорот е познато според реакциите на политичари во Приштина.

 


„Претседателот Доналд Трамп објави дека Србија и Косово се договориле за нормализација во економијата. Уште еден историски договор, достигнат под овој претседател, за да се направи светот побезбеден и просперитетен“, напиша Дир на Twitter.

Содржината на договорот сѐ уште не е објавена, но некои негови делови протекоа во јавноста благодарејќи на несогласувањето на косовските челници.

Поранешниот премиер Рамуш Харадина непосредно пред закажаниот термин за потпишување на спогодбата на актеулниот премиер Абвдулах Хоти кој е во Вашингтон му порача дека ќе ја напушти владејачката коалиција ако тој го потпише договор со кој, како што тврди Харадинај, Косово се откажува од управувањето на езерото Газиводе, односно со дел од територијата и ресурсите на во 2008 година еднострано прогласената независна земја поранешна јужна српска покраина.

Газиводе се значителен енергетски ресурс во областа, а Харадинај смета дема езерото не смее да биде во владеење на Србија, бидејќи како што наведува само 2,7 километри во Србија а 9,2 километри вна територијата на Косово.

Договорот, исто така, предвидува и реализација на „мини Шенгенот“, на кој Припштина се противеше, и покрај притисокот на албанскиот премеир Еди Рама да се приклучи на овој иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Со документот, наводно, се предвидува и мораториум на членството на Косово во меѓународните организации во текот на една година, што исто така предизвика незадоволство кај Харадинај.

Покрја овие елементи од договорот со несомнено политички импликации, документот содржи проекти во износ од 13 милијарди американски долари, според приштинската телевизија Klan Kosova. Договорот, според прилогот, се занимава со прашањата на економскиот развок, а споменатата сума е предвидена за вложувања во инфраструктурата и во заеднички регионални проекти кои ќе влијаат врз развојот на Коово и на Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.