Србија и Турција заемно ќе ги признаваат дигиталните сертификати за вакцинација

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ и амбасадорот на Турција во Белград, Хами Аксој, на денешната средба потврдија дека ќе бидат разменети дипломатски ноти за заемно признавање на електронските сертификати за извршена вакцинација против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.

Оваа размена треба да се случи во следните неколку дена, по што можеме да се очекува одлука од Владата на Република Турција и Владата на Република Србија, кои ќе им овозможат влез на граѓаните на другата земја со дигитален сертификат за вакцинација, соопшти српското Министерство за трговија, туризам и телекомуникации.

– Олеснетото пристигнување на турски туристи ќе ја подобри состојбата во туристичкиот сектор на Република Србија, а ова е исто така добра вест за нашите граѓани кои ќе можат полесно да патуваат во Турција, имајќи предвид дека Турција е една од омилените дестинации на српските граѓани. На овој начин, и Србија и Турција можат да очекуваат значително подобра летна туристичка сезона од претходната, изјави министерката Матиќ.