Србија има 255 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, починаа шест лица

Во текот на последното деноноќие во Србија се регистрирани шест смртни случаи од Ковид-19, додека 255 лица се позитивни на коронавирусот.

Како што информира тамошното министерство за здравство, на респираторни машини се 121 пациент.

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани вкупно 27 863 случаи на коронавирусот.

Досега бројот на смртни случаи во оваа земја изнесува 632, а бројот на оздравени пациенти е 14.047 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.