Србија на работ од психолошката граница од 8.000 починати и 9.000 зарази од Covid-19

Српските здравствени власти пријавија во петокот 40 смртни случаи како последица од зараза со Covid-19, што со вчерашините 41 жртва ја доведе Сробија до работ на психолошката граница од 8.000 починати од почетокот на пандемијата на 6-ти март минатата 2020 година.

Според последните податоци од официјалната веб-страница covid19.rs објавени во петокот попладнето, во Србија во последните 24 часа се тестирани 21.290 примероци и потврдија уште 6.462 нови зарази со коронавирусот, со што досега има вкупно 899.485 зарази, па во сабота да се надмине прагот од 900.000 коронаинфекции.

Во поментов во српските болници на лекување се згрижени 5.401 пациент со Covid-19, од кои 201 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата починале 7.966 корона-дијагностицирани, а вкупно се направени тестови на 5,52 милиони примероци.

Србија според бројот на заразените во однос на населението е на 37-то место на листата којашто ја води специјализираната веб-страница worldometers.infoм, додека според бројот на починатите на милион жители е на 76-то место.