Србија: На залихи домаќинствата потрошиле 16,6 милиони евра за помалку од три недели

43

Домаќинствата во Србија потрошиле речиси две милијарди динари за помалку од три недели за да купат залихи во страв од пандемијата, објави „Политика“.

Регистрирано е зголемувањето на потрошувачката од 20 проценти и најголемо учество на пазарот имаа големите синџири за трговија, додека уделот на малите продавници е намален.

Во Србија, за време на пандемијата, најмногу се купуваат брашно, шеќер и тоалетна хартија, а најголем број клиенти се претежно постари домаќинства, соопшти ГфК компанија за истражување на пазарот.

Истражувањето анализирало 32 милиона набавки помеѓу 24 февруари и 15 март.

Купувачите од Белград и Војводина потрошиле малку повеќе на залихи отколку домаќинствата во источна и јужна Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.