Србија обезбедила 1,8 милиони вакцини за крајот на 2020 и почетокот на 2021-та

Србија со посредство на Covax системот осигурила 1,8 милиони вакцини од „Pfizer/BioNtech“ за крајот на 2020 почетокот на 2021 година, но преговара и со руските и со кинеските партнери, бидејќи неопходни се уште дози, изјави во четвртокот српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во директното телезивизско обраќање на нацијата, претседателот Вучиќ порача дека Србија пред крајот на декември ќе има на располагање дел од вакцините, но дека државата ќе се обиде до крајот на јануари да набави дополнителни количествата за здравствените работници, војската и полицијата, кои се „првите на ударот на пандемијата“, а потоа и за ризичните групи пациенти, како и за другите граѓани.

„Ќе дадеме сѐ од себе да обезбедиме што е можно повеќе вакцини и да ја завршиме против короната како една од најуспешните земји во Европа“, порача Вучиќ, истакнувајќи дека се чека вакцината да се регистрираат во земјите кои ги произведувале за да почнат испораките во Србија.

Србија, според епидемиолошкиот пресек во средата во 15 часот, имаа рекорден е бројот на заразените и починати од почетокот на епидемијата на коронавирусот од март, имала 21 жртви од Covid-19 и 3.536 случаи нови зарази меѓу 12.414 тестирани примероци.

На ковид одделите по болниците ширум Србија во средата имало сместено 2.959 пациенти, од кои 143 на респираторите, а здравствените власти предупредуваат дека ковид-капацитетит во болниците забрзано се пополнуваат.