Србија очекува од 21 јуни да се врати во нормала

Многу скоро северниот сосед ќе се врати во нормала.

Србија ќе се врати во нормален живот од 21 јуни.

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека верува дека нејзината земја ќе се врати во нормален живот од јуни и дека желбата на владините претставници е да се укинат анти-епидемиолошките мерки на Светскиот ден на музиката, 21 јуни. За ТВ Пинк, таа изјавила дека тоа е предлог на „индустријата за настани“.

Сепак таа е загрижена за малиот процент на млади под 30 години кои се вакцинирани.

За дигиталните сертификати за вакцинација, Брнабиќ изјави дека Србија е прва или втора земја која почнала да ги применува. Во повеќе земји се укинува и мерката за носење на маски на отворено.