Србија од четврток го укинува ПЦР тестот за Македонците

Од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на  Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји. Ова, во телефонски разговор српската премиерка Ана Брнабиќ денеска го информирала премиерот Зоран Заев.

За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.