Србија пријави над 4.000 нови коронаинфекции и 19 починати

Зараза со коронавирусот во Србија во последните 24 часа е потврдена кај 4.103 лица , а во истиот период 19 пациенти починале како последица на компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19.

Во последните 24 часа тестирани се 16.449 лица, од кои 24,94 проценти се позитивни. На одделите за интензивна нега на респиратори се 110 пациенти.

ов контингент вакцини против коронавирусот од американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ пристигна денеска во Србија, соопшти претходно во понеделникот тамошното министерството за здравство.

Станува збор за редовна испорака, во рамките на која во Србија пристигнаа 100.620 дози вакцини, се наведува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.