Србија протестираше против недоличниот третман на Ѓоковиќ во Австралија

Српското министерство за надворешни работи во четвртокот на австралискиот амбасадор во Белград му изрази официјален протест поради „недоличен третман“ на кој во Мелбурн е изложен најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, соопшти министерството.

На деветкратниот победник на Австралија опен, кој на годинешниот турнир прв во календарската година можеше да учествува во борбата за рекордната 21-ва Грен-слем титула, поништена му е австралиската виза, бидејќи немал доказ за вакцинираност против Covid-19 или веродостојно медицинско изземање од вакцинирањето, иако беше објавено дека поседува две уверенија дека не може да биде вакциниран и дека двапати прележал Covid-19.

Адвокатите на Ѓоковиќ водат пред локалниот суд постапка за поништување на одлуката, којашто доколку биде потврдена во понеделник, би значела дека 33-годишниот спортист ќе биде депортиран од Австралија.

Со тоа претходно во четвртокот се закани австралискиот премиер Скот Морисон, повикувајќи се на строгите гранични прописи за невакцинираните странци.

Ѓоковиќ во меѓувреме е сместен во несоодветни услови за врвен спортист во хостел близу Мелбурн во кој се сместуваат илегалните имигранти кои чекаат азил, иако тој има однапред закупена куќа во која не му е дозволено да биде изолиран.

Државниот секретар на српското министерство за надворешни работи Немања Старовиќ на австралискиот амбасадор Даниел Емери ми рекол дека Белград од него очекува „лични напори“ за на Ѓокови да му се овозможи „во сместување кое му одговара на спортист од негов ранг да го сочека носењето на одлуката на судот“ за тоа дали може да престојува во Австралија или не.

„Србија не сака на ниеден начин да влијаае на одлуката на австралиските власти, но очекува дека извршните власти на оваа земја, во духот на добрите билатерални односи меѓу Австралија и Србија а согласно своите надлежности, да му дозволат на Ѓоковиќ Божик да го мине во подобро сместување“, се наведува во соопштението.

Официјален Белград истакнува дека „во српската јавност постои силен впечаток дека Ѓоковиќ против своја волја е жртва на политички игри“ и дека е „намамен да допатува во Австралија за потоа да биде понижен“.

Таквиот впечаток се создаде откако во британските медиуми протече преписка на властите и организаторите на турнирот во Австралија, од кои произлегува дека било познато дека тенисерите во слична ситуација како Ѓоковиќ нема да може да играат а тој сепак добил покана и покрај тоа што знаеле дека не е вакциниран.

„Ѓоковиќ не е криминалец, терорист или илегален мигрант но е така третиран од австралиските власти“, рекол Старовиќ додавајќи дека тоа „предизвикува разбирлива огорченост“ на неговите навивачи и на граѓаните на Србија.

Семејството на Ѓоковиќ претходно во четвртокто одлуката на австралиските власти ја нарече „најголемиот спортско-политички скандал во историјата“ и пред парламентот на Србија во Белград организираше собир за поддршка на тенисерот и за петокот најавија нов.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во четвртокот дека премиерката Ана Брнаби ќе побара од австралиските власти на Ѓоковиќ, додека трае процедурата, да му се дозволи под надзор да престојува во куќата што ја изнајмил „а не во озлогласен хостел во кој престојуваат оние кои чекаат азил“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.