Србија прва во Европа и трета во светот според бројот вакцинирани граѓани против Covid-19

Според просекот во последната седмица, Србија е прва во Европ, и трета во светот според бројот на вакцинирани граѓани на 100 жители, покажуваат податоците објавени на веб-страницата Our world in data на Универзитетот Оксфорд.

Според овие податоци, само Израел и САД се пред Србија во светот.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, утрово изјави дека досега во Србија се вакцинирани 438.000 лица.