Србија се ближи кон крајот на епидемијата

Србија, според процените на здравствените стручњаци, се ближи кон крајот на епидемијата од коронавирусот, но бројот на новозаразените на почетокот од 13-та седмица во однос на бројот на тестираните и натаму е над 0,5 отсто, односно 0,96 отсто, покажуваат епидемиолошкиот просега од понеделникот со 18 позитивни од 2.315 тестирани.

„Влегуваме во период на споредични јавување на вирусот кои ќе ги има додека епидемијата не биде згасната. Кога бројот на позитивните ќе падне под 0,5 отст, тоа е споредично јавување“, појасни реномираниот епидемиолог и член на владиниот Кризен штаб, др Предраг Кон, тврдејќи дека во Србија веќе не станува збор за „класична епидемија“.

„Самото официјално одјавување (на епидемијата) бара обврски, 28 дена последователно бројот на заразените лица да биде нула. Објективно повеќе не сме во епидемија“, изјави Кон за Радио-телевизија на Србија (РТС).

Со 18-те новозаразени во последните 24 часа и уште еден смртен исход, Србија од почетокот на епидемијата на 6-ти март до 1-ви јуни регистрирала вкупно 11.439 потврдени случаи на заразата со новиот коронавирус и 244 починати од респираторната болест Covid-19 која ја предизвикува вирусот, што е процент на смртност од 2,13 отсто.

Во Србија досега се тестирани вкупно 247.760 лица, од кои 11.430 се заразени а од кои 6.726 оздравеле, додека на болничко лекување се уште 468 заболени од кои, пак, девет се со тешка клиничка слика и ставен на вештачки бели дробови.

Во Србија од 1-ви јуни на важност се новите поблаги мерки, со кои е дозволено собирање до 1.000 лица на отворени простори, што вклучува и публика на спортски настани, со одржување на физичко растојание од еден метар, додека во затворен простор и натаму може да се соберат најмногу 100 лица.

Сите граѓани на Србија од денеска може, на лично барање, да направат тест на коронавирусот и антитела, а цената на тестот е 10,2 евра.

Српските државјани може од денеска без ограничувања ќе може да патуваат во Босна и Херцеговина, но не и во Црна Гора бидејќи владата во Подгорица инсистирара на епидемиолошки параметри „помалку од 25 активни случаи на 100.000 граѓани“, што Србија сѐ уште не го исполнува.

Владата во Белград уште на 22-ри мај ја укина забраната за влез на територијата на Србија, така што за сите домашни државјани и странските е вратен вообичаениот режим на преминување на границите, без задолжителен PCR тест и без 14-днеен карантин.

Србија со Унгарија, членка на Европската унија и Шенгенската зона, заемно ја отвори заедничката граница на 25-ти мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.